За KIA
- Кoмпанија
Професионална услуга, проверен квалитет и совршена естетика
Уверете се сами што значи професионална услуга, проверен квалитет и совршена естетика. Проверете како ние знаеме да ги задоволиме сите Ваши потреби и да ве насочиме при изборот на идеално возило.
Нашата цел е постојано да го градиме корпоративниот идентитет, да го дадеме најдоброто на нашите клиенти и да го нудиме постојано она што е најново. Современ дизајн што ќе ве остави без здив, иновациски технологии, автомобилски додатоци компактно усогласени за да ви пренесат една порака на квалитетен бренд со традиција. Киа веќе подолго време обезбедува и 5 години гаранција на сите свои возила.
Функционираме тимски и настапуваме заедно. Тоа не прави посилни, помотивирани за да можеме заедно да ја градиме иднината на брендот во кој толку веруваме. Историјата на компанијата започнува во 2001 година како Нипон Авто, генерален застапник за Daihatsu возила.
Во 2005 Нипон Авто преминува во Киа Моторс Мацедониа генерален застапник за КИА возила. Основната дејност на компанијата е продажба на возила, сервис и продажба на оригинал резервни делови.Оваа година прославивме 10 години од нашето постоење. Моментално во Киа Моторс има 20 вработени.